Се работи за опстанок

Меркел: Светот мора да се промени, ќе дојде до поделба во општеството

Светот мора целосно да се промени со цел да се ограничи глобалното затоплување, притоа да се избегнат длабоки социјални поделби околу климатските политики, рече денес германската канцеларка Ангела Меркел на Светскиот економски форум во Давос.

За постигнување на целта на Европа да се запре нето емисијата на јаглеродниот диоксид ќе бара „трансформативен процес од историска природа“, рече таа. „Ќе мора целосно да се промени начинот на живот и работа, но станува збор за опстанок“, истакна таа.

Меркел предупреди дека климатските политики можат да предизвикаат „големи тензии“ меѓу луѓето кои живеат во градовите, каде е лесно да се користи транспорт со ниско ниво на јаглерод и оние во руралните области каде што автомобилите се неопходни.

„Сега имаме свет каде недостатокот на комуникација може да е поизразен отколку за време на Студената војна, кога имаше редовен канал на комуникација помеѓу различни партии“, рече таа.

„Тоа не води директно во катастрофа. Мора тоа да го надминеме“, рече таа, наведувајќи го како пример зголемениот јаз помеѓу младите климатски активисти и климатските скептици.

Германија планира постепено да ги затвори своите нуклеарни централи до 2022 година, а до 2038 година исто така и електраните на јаглен. За енергетските компании и региони кои во тој процес ќе бидат во загуба предвидени се компензации од повеќе од милијарда евра.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе