Меркел пресече - Германија оди во карантин (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел ѝ се обрати на германската јавност откако на состанокот со премиерите на покраините се согласи за карантин, кој стапува на сила во понеделник, 2 ноември.

EPA-EFE/FILIP SINGER

„Овие одлуки се однесуваат на многу сериозна ситуација. Покрај бројот на инфекции, двојно е зголемен и бројот на луѓе на респиратори. Мора да дејствуваме веднаш“, рече Меркел на почетокот на прес-конференцијата.

„Најважна алатка е следење на контактите. Но, здравствените власти се сега на работ да можат да гарантираат дека ќе се врши тоа следење. Постои опасност од губење на контролата. Затоа ни е потребен уште еден национален напор во ноември“, рече таа.

„Одлуките за активностите кои не се суштински мора да бидат строги со цел да се одржат отворени градинките, училиштата и другите важни објекти од јавниот живот“, додаде таа.

„Кафулињата, клубовите и рестораните ќе бидат затворени“, рече Меркел, додавајќи дека исто така се затвораат културните институции и туристичките активности. Најави голема инјекција за сегменти од економијата што ќе бидат затворени. Станува збор за 10 милијарди евра.

Според новите ригорозни мерки, кои стапуваат на сила во понеделник, јавно ќе може да се соберат максимум десет лица од најмногу две домаќинства, објавија германските медиуми, повикувајќи се на учесниците на состанокот меѓу германската влада и премиерите на покраините што започна во среда околу 13 часот.

Рестораните и кафулињата исто така треба да бидат затворени за гости со можност за достава на храна и пијалоци. Исклучок се мензите. Оваа мерка треба да трае цел ноември.

Продавниците ќе останат отворени, но со ограничување на еден купувач на 10 квадратни метри, а рестораните ќе доставуваат храна само за достава.

На натпреварите во Бундеслигата публика нема да биде дозволена, што е исто така мерка што треба да трае цел ноември.

Училиштата и градинките остануваат отворени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FILIP SINGER

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе