Меркел: Постигнат е многу ограничен напредок во преговорите на ЕУ и Лондон

Европската Унија и Британија постигнале „многу ограничен“ напредок во преговорите за идните односи, кажа германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека постои можност договор да не биде постигнат.

EPA-EFE

„Напредокот во преговорите, да го кажеме тоа многу внимателно, е многу ограничен“, им кажала Меркел на пратениците во Бундестагот.

„Се договоривме со Британија да ги забрзаме разговорите за на есен да го постигнеме договорот кој мора да биде ратификуван пред крајот на годината“, кажа таа и додаде дека Германија и ЕУ „мора да бидат подготвени за можноста за непостигнување договор.

Британија ја напушти Унијата на 31 јануари, по што почлна преодниот период за време на кој Лондон сѐ уште е во царинска унија со Брисел.

Преодниот период истекува на 31 декември па растат притисоците за постигнување договор за слободна трговија пред тој датум..

Двете страни се сѐ уште на исклучително одалечени позиции, а новиот круг „интензивни преговори“ е закажан за неделава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе