Сака да го заврши политичкиот застој

Меркел покренува нова рунда преговори за коалиција

Канцеларката на Германија Ангела Меркел денеска ќе започне нова рунда преговори за коалиција со цел да стави крај на политичкиот застој во земјата.

Германија нема нова Влада повеќе од три месеци по изборите.

Во петдневните преговори ќе учествуваат Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), наведе Би-би-си.

Аналитичарите оценуваат дека ова можеби е нејзината последна шанса да формира стабилна коалиција.

Парламентарните избори во Германија, одржани на 24 септември, го одбележаа првиот влез на екстремната десница во Бундестагот по Втората светска војна и лошите резултати на демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократот Мартин Шулц.

Досегашната Влада ја чинеа СПД и ЦДУ и нејзината сестринска ЦСУ.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе