Меркел по деветти пат последователно број еден на листата на најмоќни жени на Форбс

Ангела Меркел, канцеларката на Германија, по деветти пат последователно е прва на листата на 100 најмоќни жени во светот за 2019 година, која ја објави магазинот Форбс.

На второто место на Форбсовата листа е новата претседателка на Европската централна банка и поранешна генерална директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, трета е претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненеси пелоси, а четврта претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Годинешната листа на најмоќните жени во светот е опишана како „збирка на поттикнувачки личности и иноваторки кои на светската сцена ги редефинираат традиционалните структури на моќта и оставаат трајно влијание врз секоја индустрија и сфера на влијанија“, наведе магазинот на својот сајт.

„Тие ги користат својата моќ и платформите за да се искачат на скалилата на глобалниот бизнис, ги решаваат најголемите светски проблеми, ги трансформираат културните наративи и остваруваат значителни чекори кон напредување кон еднаквост“, пишува Форбс.

Од жените од регионот, меѓу првите 100 се наоѓа премиерката на Србија Ана Брнабиќ, која по вторпат последователно се наоѓа на листата. Таа го зазема 88 место и напредуваше ри позиции, бидејќи минатата година беше 91.

Меѓу новајлиите на Форбсовата листа на последното, 100-то место, е активистката од Шведска, 16-годишната Грета Тунберг, која се бори против климатските промени.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе