За време на говор

Меркел остана без здив, за портпаролот се криви скалите (ВИДЕО)

Ангела Меркел остана без здив за време на изјавата за медиумите во текот на викендот бидејќи брзо се качувала по скалите, рече портпаролот на владата Штефен Зајберт во обид да им стави крај на шпекулациите за здравствената состојба на германската канцеларка.

„Канцеларката многу брзо се качуваше по скалите за навреме да стигне на местото каде што ја чекаа новинарите и веднаш даде изјава“, рече Зајберт вчера во Берлин.

„Апсолутно нема ништо посебно што треба да се објави, а особено нема причина за шпекулации“, додаде тој.

Меркел даде кратка изјава за медиумите во неделата во резиденцијата на германскиот амбасадор во Париз. Таа зборуваше за присуството на воената парада по повод францускиот национален празник, Денот на падот на Бастилја.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе