ЛИДЕРИТЕ ИЗРАЗУВААТ СОЧУВСТВО

Меркел: Одлучно сме со Велика Британија; Макрон: Повредени Французи

Од целиот свет пристигнуваат осуда и сочувство по нападот во Лондон, во кој загинаа најмалку шест лица, а 48 се повредени.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ изрази сочувство на британската премиерка Тереза Меј и понуди помош од американската влада во истрагата и приведувањето на одговорните пред лицето на правдата. Трамп ја пофали реакцијата на британската полиција и итни служби и ја искористи шансата да ја испромовира својата забрана за патувања од шест претежно муслимански земји.

И рускиот претседател Владимир Путин го осуди нападот и ѝ упати сочувство на Велика Британија.

„Суровоста и цинизмот на нападот во Лондон се ужасни. Осуда за тероризмот, сочувство до Британците“, напиша Путин на Твитер.

Австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп го нарече нападот „шокантен“.

„Спремни сме да ја поддржиме британската влада во одговорот на нападот и нашите мисли се со повредените и нивните семејства“, рече таа.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција е „повеќе од кога било со Велика Британија“.

Од неговата канцеларија соопштија дека во нападот во Лондон се ранети двајца француски државјани, од кои едно лице има сериозни повреди.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „од името на Германија потврдува дека во борбата против тероризмот е со Велика Британија“.

Сочувство искажа и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Канадскиот премиер Џастин Трудо го нарече нападот „ужасен“ и додаде дека Канаѓаните се „обединети во поддршката на Лондон“.

Јапонската влада издаде предупредување до своите граѓани што патуваат во Лондон да ги избегнуваат местата што се потенцијални цели на напад.

Британската полиција соопшти дека најмалку шест лица загинале во нападот на мостот во Лондон, спроведен од три лица, кои беа убиени од полицијата.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе