Меркел: Не смееме да дозволиме Авганистан да пропадне

Германската канцеларка Ангела Меркел на виртуелниот самит на Г20 на кој се разговараше за кризата во Авганистан, ја предупреди меѓународната заедница дека не смее да дозволи Авганистан да пропадне.

EPA-EFE

Светските лидери, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, истакнаа дека помош треба да се пружа преку независните меѓународни организации, а не директно на талибанците, пренесува Би-би-си.

Меркел кажа дека никој ништо не добива ако се урне целиот монетарен или финансиски систем во Авганистан.

„Тогаш повеќе нема да може да се пружа хуманитарна помош. Нормално, никогаш не е лесно да се повлече линија, така да се изразам, но да се гледа како 40 милиони луѓе тонат во хаос бидејќи нема електрична енергија или финансиски систем, тоа не може и не смее да биде целта на меѓународната заедница“, кажа Меркел.

Канцеларката кажа и дека талибанците мора да овозможат пристап на сите тела на ОН кои доставуваат помош и ја истакна потребата да се почитуваат правата на жените и девојчињата.

Ветувања за помош на Авганистан се веќе дадени, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети милијарда евра за Авганистан и соседните земји кои ќе прифатат авганистански бегалци.

Меркел го потврди ветувањето на Германија дека ќе донира 600 милиони евра на Авганистан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе