Меркел: НАТО е клучно, Европа не може сама да се брани

Одржувањето на НАТО е клучно за Германија, рече германската канцеларка Ангела Меркел откако францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Економист во почетокот на месецов рече дека Алијансата „претрпела клиничка смрт“.

„Одржувањето на НАТО денес е повеќе во наш интерес отколку што беше за време на Студената војна или барем е исто толку важно како тогаш“, им рече Меркел на пратениците во германскиот парламент.

Таа ја повтори изјавата на германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас, кој рече дека Европа во моментов не може сама да се брани.

Оправдано може да се каже дека НАТО е живо, рече Мас и додаде дека НАТО останува клучно за безбедноста во иднина и дека мора и понатаму да се развива.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе