Меркел: Надминувањето на последиците од кризата е приоритет на германското претседавање со ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Европската унија, за време на своето обраќање пред Бундестагот по повод претстојното преземање на претседателството на Германија со Советот на Европската унија, и го критикуваше однесувањето во Унијата за време на кризата со коронавирусот.

EPA-EFE/MICHELE TANTUSSI

„Ние од една страна мора да ги надминеме последиците од кризата, но во исто време да ја направиме Европа поотпорна и подготвена за идни предизвици. Ние преземаме одговорност во време кога ЕУ се соочува со најголемиот предизвик во својата историја“, рече Меркел.

Таа објасни дека единството во Европската унија сега е „поважно од кога било“ и дека заедничка цел мора да биде надминување на кризата и тоа „заеднички, одржливо и ориентирано кон иднината“.

„Токму тоа ќе биде водечката мисла на нашето претседателство“, рече Меркел.

Во својот говор, таа го критикуваше однесувањето на членките на ЕУ на почетокот на пандемијата.

„Пандемијата ни покажа дека Европа е ранлива. Првите рефлекси на избувнувањето на пандемијата, дури и германските, беа национални, а не европски“, рече Меркел, додавајќи дека таквото однесување било „неразумно“.

„Ниту една земја не може сама и изолирано да ја надмине оваа криза“, рече Ангела Меркел пред Бундестагот по повод преземањето на претседателството на Советот на Европската унија.

Таа објасни дека надминувањето на последиците од кризата ќе биде една од најважните задачи на претстојното шестмесечно претседавање.

Германската канцеларка ја повика ЕУ да ја искористи кризата за спроведување важни реформи, што е важно не само за Европа, туку и за целиот свет.

„Како Европа ќе ја надмине кризата, од тоа зависи и благосостојбата на нејзините граѓани и нејзината улога во светот“, рече Меркел.

Таа го бранеше и пакетот помош на Европската унија за обнова по коронакризата и заклучи дека станува збор за програма против политичка радикализација.

„Не смееме да бидеме наивни: антидемократските сили, радикалните авторитарни движења, само чекаат економски кризи за политички да ги злоупотребат“, рече Меркел.

Германската канцеларка исто така ја истакна потребата за зајакнување на Европската унија на глобално ниво, експлицитно споменувајќи ја Кина како „стратешки партнер“ и се заложи за „отворен дијалог“ со Пекинг.

„Особено кога станува збор за нашите стратешки партнери како Кина, важно е ЕУ да зборува со еден глас за сите 27 членки бидејќи само така можеме да ги одбраниме нашите интереси“, рече германската канцеларка, најавувајќи дека самитот ЕУ-Кина, кој требало да се одржи во септември, но поради пандемијата на коронавирусот е одложен, ќе биде „дополнително одржан“.

Меркел, исто така, ја вклучи Африка во приоритетите на надворешната политика на шестмесечното претседателство.

„Особено во ова време на светот му треба силен глас од Европа кога станува збор за заштита на човековото достоинство, демократија и слобода“, заклучи Меркел.

Германија на 1 јули ќе го преземе шестмесечното претседателство со Советот на Европската унија од Хрватска. Од земјата што претседава се очекуваат важни импулси и иницијативи на ниво на целата Унија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MICHELE TANTUSSI

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе