Германската канцеларка во посета на Хрватска

Меркел: Начелно ја поддржуваме европската перспектива на западниот Балкан

Германската канцеларка Ангела Меркел денес во Загреб изјави, по средбата со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, дека Германија начелно ја поддржува европската перспектива на западниот Балкан.

„Германскиот став е познат – европската перспектива на западниот Балкан начелно ја поддржуваме, но критериумите за пристапување секако мора да бидат исполнети“, кажа Меркел.

Таа истакна дека со хрватскиот премиер разговарала за стратегиските насоки на хрватското претседателство со ЕУ во првата половина од 2020.

На прашањето на новинарите за кризата на австриската влада, Меркел кажа дека не може да зборува наместо австрискиот канцелар Себастијан Курц, но додаде дека во ЕУ постојат политички струи кои сакаат да го уништат сојузот.

Германската канцеларка допатува денес на средба со Пленковиќ, но и на предизборен митинг на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) пред изборите за Европскиот парламент кои во Хрватска се закажани за 26 мај.

Таа вечерва е гостинка на големиот предизборен митин на ХДЗ и Европската народна партија во загрепска Цибона, што е првиот преизборен собир надвор од Германија на кој учествува.

На митингот ќе гостува и членот на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) Манфред Вебер, водечкиот кандидат на конзервативците за претседател на Европската комисија.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе