Меркел на последната прес-конференција како канцеларка: Мандатот ми е обележан со кризи

Германската канцеларка Ангела Меркел на својата последна летна прес-конференција како канцеларка во четвртокот зборуваше за кризите за време на нејзиниот мандат и уште еднаш ги повика граѓаните да се вакцинираат.

EPA-EFE/MICHAEL TIMM

„Само заедно можеме да ја совладаме пандемијата. Секој вакциниран граѓанин е чекор напред кон нормалностa“, рече канцеларката на својата редовна летна прес-конференција, која, со оглед на тоа што Ангела Меркел повеќе не учествува на изборите во септември, веројатно е и нејзината последна голема прес-конференција на оваа функција.

Меркел укажа на зголемената инциденца во последните денови и потребата да се спречи колапс на здравствениот систем.

„Тоа и понатаму е голема обврска за политиката“, рече Меркел на прашањето на новинарите кои известуваат од Берлин.

Таа ја означи корона кризата како една од петте главни кризи во нејзиниот мандат. Покрај неа, Меркел од 2015 година, кога беше избрана за канцеларка, се соочи со финансиска криза, криза за опстанок на еврото, бегалска криза и климатска криза.

Кога станува збор за борба против климатските промени, германската канцеларка рече дека верува дека е премалку направено за време на нејзиниот мандат.

„Мислам дека многу енергија вложив во заштита на климата, но сега гледам дека брзината мора да се зголеми“, рече Меркел.

„Сознанието што се провлекува низ мојот мандат е дека не можеме да ги решаваме проблемите на национално ниво, туку само како светска заедница, и ова е особено очигледно кога станува збор за борба против климатските промени“, рече канцеларката.

Во врска со бегалската криза, Меркел изрази жалење што сè уште нема унифицирана политика во рамки на Европската унија кога станува збор за признавање на азил и статусот бегалец.

„Досега не успеавме да воспоставиме легална миграција и истовремено да воспоставиме правила за регулиран прием на бегалците со цел да се спречат трговците на луѓе“, рече Меркел.

Во исто време, германската канцеларка повика да се прифатат Авганистанците кои работеле за Бундесверот, но отфрли да се прифаќаат други граѓани од таа земја кои по повлекувањето на западните трупи можат да тргнат во правец на Европа

„Не можеме да ги решиме сите проблеми со тоа што ќе ги прифатиме овие луѓе“, рече Меркел.

На прашањето што ќе работи по повлекувањето од политиката на есен, Меркел рече дека нема конкретни планови, но дека „ќе знае како да го помине времето“.

„Во моментов немам многу време да размислувам што ќе правам кога веќе нема да бидам канцеларка“, заклучи Ангела Меркел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MICHAEL TIMM

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе