ЕУ загрижена поради неуспешните преговори

Меркел: На Европа ѝ треба силна Германија, што поскоро да се формира нова влада

Германската канцеларка Ангела Меркел сака новата влада да биде формирана што е можно поскоро, бидејќи, според неа, на Европа ѝ треба силна Германија.

„На Европа ѝ треба силна Германија. Затоа, пожелно е да се формира влада што е можно поскоро“, рече Меркел во говорот пред регионалните претставници на нејзината Демохристијанска унија (ЦДУ).

Германија ниту два месеци по парламентарните избори нема формирано влада, бидејќи пропаднаа преговорите на владејачката ЦДУ со либералите (ФДП) и Партијата на зелените, потсетува Радио Слободна Европа.

Сега врз лидерот на германските социјалдемократи Мартин Шулц се врши силен притисок да го прифати новиот сојуз, големата коалиција со демохристијаните на канцеларката Меркел, која денеска изјави дека компромисот со социјалдемократите исто така е опција.

Неуспехот на преговорите за формирање коалициска влада во Германија предизвика загриженост во Европската Унија, во која се подготвуваат реформи во еврозоната и банкарството, области во кои Германија игра голема улога.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе