Меркел на Ердоган: Веднаш сопрете ја воената операција во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел денес во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара „воената операција во Сирија веднаш да прекине“, соопшти портпаролката на германската влада.

И покрај легитимните безбедносни интереси, операцијата би можела да предизвика раселување на голем број локални жители, дестабилизација на регионот и оживување на екстремистичката група Исламска држава, се додава во соопштението.

Турција ја почна воената офанзива во средата, а насочена е против, како што тврди Анкара, џихадистите и курдските терористи. Западот главно ја осуди офанзивата.

Анкара ги обвинува курдските милиции за поврзаност со Работничката партија на Курдистан (ПКК) која ја смета за терористичка организација.

Според податоците на ОН, на североистокот на Сирија веќе се раселени околу 130.000 луѓе.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе