„Нема друго објаснување“

Меркел, Макрон и Џонсон го обвинија Иран за нападот врз саудиските нафтени објекти

Европските жиранти на нуклеарниот договор во Иран објавија заеднички укор кон Техеран и побараа „дијалог“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон го обвинија Иран дека е одговорен за нападот на 14 септември врз саудиските нафтени објекти и го повикаа Техеран да се воздржи од нови провокации.

„Најостро ги осудуваме нападите врз нафтените постројки на саудиска територија на 14 септември 2019 година во Абкаик и Кураис и во овој контекст ја потврдуваме нашата целосна солидарност со Кралството Саудиска Арабија и неговото население“, рекоа лидерите на Франција, Германија и Велика Британија.

Меркел, Макрон и Џонсон се состанаа синоќа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Јасно ни е дека Иран е одговорен за тој напад. Нема друго веродостојно објаснување“, се вели во заедничкото соопштение по состанокот.

Макрон, во краток разговор со новинарите по дискусијата со Меркел и Џонсон, рече дека тој останува оптимист и дека планира да се состане одделно со Рухани в понеделник вечер и со Трамп во вторник.

Тој ја нарече заедничката изјава „чекор што покажува дека постои јасност“ и додаде: „Ние сме посветени, ја презедовме нашата одговорност со вклучувањето во договорот, и кога другите го напуштија, па очекуваме сите да бидат јасни и да се зачува безбедноста во регионот“.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе