Меркел: Кој на улиците на нашите градови изнесува омраза против Евреите, ќе сноси последици

Германската канцеларка Ангела Меркел им се закани со остри законски мерки на оние кои на протестите за поддршка на Палестинците извикуваат антисемитски пароли и со тоа дејствуваат противуставно.

EPA-EFE

„Кој на улиците на нашите градови изнесува омраза против Евреите, кој извикува пароли против еден народ, тој дејствува надвор од границите на уставот. Таквите дела мора системски да се прогонуваат, а извршителите мора да ги почувствуваат последиците на своето дејствување“, кажа Меркел во својата редовна недела порака.

Таа по повод утрешниот Ден на германскиот устав укажа дека тој документ го гарантира правото на мирно собирање и изразување на сопственото мислење.

„Но, германскиот устав не дава простор за напади врз лица од друга вера, за насилство“, кажа германската канцеларка.

Меркел укажа на „неподносливите антисемитски изјави“ на протестите во изминатите денови низ Германија.

За денес во Берлин беа најавени два големи пропалестински протести. На собирите во изминатите денови доаѓаше до судири со полицијата која интервенираше поради непочитувањето на мерките носење маска и одржување дистанца.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе