За убиството на новинарот

Меркел ја нападна Саудиска Арабија, Турција се закани дека ќе ги открие сите детали

Германската канцеларка Ангела Меркел е првиот лидер на некоја западна земја која остро го осуди убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, а нејзината влада сега е под притисок поради големите договори за извоз на оружје во Саудиска Арабија и политичките лидери повикуваат на реформи за редефинирање на односите меѓу Берлин и Ријад, јавуваат агенциите.

Меркел вчера остро го осуди убиството на новинарот Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, оценувајќи ги досегашните објаснувања на официјален Ријад за околностите на убиството како „фалични“.

„Најостро го осудуваме овој чин“, се вели во заедничкото соопштение на канцеларката Меркел и министерот за надворешни работи Хеико Мас во кое се додава дека „Германија очекува транспарентност на Саудиска Арбија околу околностите на смртта на новинарот... Досегашните информации за настаните во истанбулскиот конзулат се фалични“.

Со изрази за сочувство до семејтвото и пријателите на Кашоги, Меркел и Мас истакнаа дека мора да се најдат одговорните за неговата смрт.

Убиството на саудискиот новинар дисидент е притисок врз германската влада поради големите договори за извоз на оружје на Саудијците.

„Германските односи со Ријад мора да бидат преиспитани по толку неверојатните настани“, изјави вчера Ларс Клингбајл, генералниот секретар на социјалдемократите (СПД), коалицискиот партнер во владата на Меркел. „Тоа мора да ја вклучи и продажбата на оружје“.

Исчезнувањето на саудискиот новинар веќе резултираше со откажување на учеството на светските економисти и политичари на големата економска конференција закажана за 23 октомври во Ријад.

Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Јемен вчера со речиси идентични пораки го поддржаа соопштението на Ријад за смртта на Кашоги, а западните земји и големите светски сили засега се прилично воздржани.

Британија упати сочувство до семејството на Кашоги и соопшти дека го разгледува соопштението на Ријад и „следните чекори“, додека Холандија побара дополнителна истрага за околностите на смртта на новинарот.

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека објаснувањето на Ријад за мсртта на Кашоги во конзулатот во Истанбул е „уверливо“. Признавањето на неговата смрт и околностите во кои тоа се случило ги нарече „добар прв чекор“.

Единствениот кој досега изрази „длабока вознемиреност“ од потврдата на Ројад за смртта на новинарот Кашоги е генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Турција, пак, вети дека ќе ги открие сите детали за убиството на новинарот.

„Турција ќе открие сѐ што се случило“, кажа Омер Челик, турскиот министер за европски прашања. „Никој не треба да се сомнева во тоа. Никого не обвинуваме однапред, но не прифаќаме какво било прикривање“.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе