Меркел изрази „длабок срам“ при својата прва посета на Аушвиц (ФОТО+ВИДЕО)

Ангела Меркел за прв пат во петокот како канцеларка го посети поранешниот нацистички логор Аушвиц и рече дека признавањето на нацистичките злосторства се клучен дел за идентитетот на Германија со што може да се бори против растечкиот антисемитизам.

„Помнењето на злосторствата... е одговорност која никогаш не завршува“, рече Меркел за време на посетата во порака насочена кон повиците на германската крајна десница да се пренасочат од културата на сеќавање и искупување.

„Да се биде свесен за оваа одговорност е дел од нашиот национален идентитет, нашето саморазбирање како просветлено и слободно општество“, додаде таа.

Меркел е само трета канцеларка што некогаш го посетила местото кое го симболизира холокаустот.

Таа го изрази „длабокиот срам“ на Германија за она што се случи во Аушвиц и соседно Биркенау, каде милион Евреи ги загубија своите животи во периодот меѓу 1940 и 1945 година.

„Се поклонувам пред жртвите на Шоа“, рече таа, зборувајќи пред полскиот премиер Матеуш Моравјецки и 87-годишниот Богдан Станислав Бартниковски, преживеан од кампот.

65-годишната канцеларка, која е родена девет години по завршувањето на Втората светска војна, исто така се осврна на порастот на антисемитски и други злосторства од омраза во Германија во последните години, велејќи дека достигнале „алармантно ниво“.

„За борбата против антисемитизмот, историјата на логорите за истребување треба да биде споделена, мора да биде раскажана“, рече таа.

Аушвиц „бара да го одржуваме сеќавањето“.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе