„Америка повеќе не е спремна за лидерската улога“

Меркел: Израел и Европа имаат заеднички безбедносни интереси

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на повеќедневната проштална посета на Израел истакна дека Израел и Европа имаат заеднички безбедносни интереси. Таа ја истакна и одговорноста на идните германски влади за безбедноста на Израел.

EPA-EFE

Меркел уште еднаш кажа, овој пат во Ерусалим, дека по повлекувањето на Соединетите Американски Држави од Авганистан Европа мора појасно да ги дефинира сопствените безбедносни интереси.

„Се виде дека Америка повеќе не е безусловно спремна да ја преземе лидерската улога секаде во светот“, кажа германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Ерусалим, во разговор со претставници на израелскиот Институт за национални безбедносни студии (ИНСС).

Меркел притоа кажа дека „Израел е блиску до надворешните граници на Европа, поради што ги делиме заедничките безбедносни интереси“.

Зборувајќи за напорите да се заузда иранската нуклеарна програма, канцеларката кажа дека во моментов се минува „низ критична фаза“.

Германија и Израел, според Меркел, имаат заеднички став дека нуклеарно вооружување на Техеран мора да се спречи по секоја цена, а несогласувања постојат само околу тоа кој е вистинскиот начин тоа да се направи.

Додаде дека меѓународниот нуклеарен договор со Иран од 2015 сè уште го смета за „договор кој е далеку од совршен, но кој нуди рамка за дејствување“.

Осврнувајќи се на Блискоисточниот конфликт, Меркел забележа дека во последно време прашањето на Палестинците сè повеќе „исчезнува од актуелниот дневен ред“. Тоа, како што оцени, не е добро.

„Како што Израел има право на држава, така не смее да се изгуби од вид ни правото на Палестинците“, кажа, додавајќи дека таа тема долгорочно нема да исчезне, дури ни ако Израел изгради подобри односи со арапските земји.

Таа истовремено ги поздрави „прагматичните чекори на владата (на Израел) за поправање на условите за живот на Палестинците“.

Меркел од саботата вечерта до синоќа беше во проштална посета на Израел. Во неделата во Ерусалим се сретна со премиерот на Израел Нафтали Бенет и го посети меморијалниот центар Јад Вашем. Меркел тогаш ја истакна одговорноста на идните германски влади за безбедноста на Израел и одлучната борба против антисемитизмот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе