Меркел: Исламска држава е далеку од пораз

Исламска држава е далеку од пораз и наместо тоа се претвора во асиметрична воена сила откако ја изгуби речиси целата територија што ја контролираше во Сирија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на отворањето на новото седиште на германската разузнавачка служба (БНД) во Берлин.

Нејзината изјава е, вели Ројтерс, во спротивност со изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој во декември рече дека Исламска држава е поразена.

„Таканаречената Исламска држава за среќа е протерана од нејзината територија, но тоа за жал не значи дека Исламска држава исчезнала“, рече Меркел.

„Таа се претвора во асиметрична воена сила, а тоа е, се разбира, закана“, заклучи канцеларката.

Меркел истакна дека следењето на настаните во Сирија е еден од главните приоритети на БНД, што вклучува следење на сајбер-заканите и на лажните информации, смислени за да се влијае на демократските избори.

„Остануваме далеку од мир во Сирија“, рече Меркел.

Таа, исто така, предупреди на опасноста од ширењето лажни вести, кои, според неа, се „дел од сајбер-војната“.

Во новото седиште на БНД ќе бидат сместени 4.000 работници и агенции, кои ќе мора да се преселат од сегашната локација во близина на Минхен.

За изградбата на ново седиште, во центарот на главниот град на Германија, биле потребни повеќе од 10 години, а целиот проект чинел повеќе од 1,4 милијарди евра, објавија германските медиуми.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе