Меркел: Има повод за внимателен оптимизам, но мерките остануваат

Германската канцеларка Ангела Меркел по денешниот состанок на кризниот кабинет изјави дека бројот на новозаболени од коронавирусот во Германија дава повод за внимателен оптимизам, но дека е рано да се зборува за мерки за враќање во нормална состојба.

„Најновиот развој во бројот на заразени лица дава повод за трошка надеж. Во моментов нема потреба за засилување на мерките“, рече Ангела Меркел.

Во исто време, таа предупреди дека и покрај тоа, сè уште е рано за опуштање и укинување на мерките за намалување на социјалните контакти.

„Мора да останеме фокусирани затоа што ситуацијата е сè уште чувствителна. Можеме со лекомисленост брзо да го уништиме она што го постигнавме. И понатаму мораме да бидеме многу внимателни“, рече канцеларката.

Таа порача дека е особено важно да се продолжи со мерките на претпазливост, особено во текот на претстојните велигденски празници.

„Овој Велигден ќе биде различен од она на што сме научени. Јас со задоволство и радост би била прва која ќе ви рече: сè е како што беше порано, можеме да продолжиме. Но, за жал не е така“, рече германската канцеларка.

Таа најави дека следната недела на повеќе нивоа ќе се расправа за понатамошните чекори и евентуалното олабавување на мерките за ограничување. Одлучувачкиот состанок на канцеларката и премиерите на сојузните покраини, на кои би се одлучувало за чекорите по велигденските празници, кои во Германија завршуваат на 19 април, ќе се одржи следната среда.

На денешната седница на кризниот кабинет, составен од министрите надлежни за клучни сектори како што се здравство, економија, внатрешни работи и одбрана, донесена е одлука за интензивирање на производството на заштитна медицинска опрема во самата Германија.

„Формиравме стожер за набавки во време на криза. Целта на овој стожер ќе биде набавка на маски на глобалниот пазар“, рече Меркел, додавајќи дека целта на стожерот ќе биде и организирање производство на заштитна медицинска опрема, пред се маски.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе