Меркел им се заблагодари на постарите граѓани за нивното однесување за време на пандемијата

Во својата редовна видео-порака во саботата, германската канцеларка им се заблагодари на постарите граѓани на Германија за нивното однесување и разбирање за време на пандемијата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

„Сакам особено да им се обратам на група граѓани на кои им беше исклучително тешко и од кои многумина сè уште живеат со многу ограничувања: на нашите постари сограѓани“, рече Ангела Меркел во својата редовна видео-порака во саботата.

Меркел изјави дека е свесна дека нивното веќе тешко секојдневие за време на пандемијата станало уште потешко.

„Вашето веќе осамено секојдневие стана уште поосамено. Најболно од сè сигурно беше со недели да не ги видите децата и внуците и да не сте во можност да ги прегрнете“, рече Меркел.

Таа рече дека постарите, и покрај ограничувањата, не реагирале со лутина туку „често со разбирање за нивната политика“ што наметнала ограничување на контактите.

Меркел, исто така, му се заблагодари на персоналот на болниците и домовите за стари лица кои ги „искористија сите расположиви можности“ да се најде хумано решение во време на криза.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе