Меркел и Фон дер Лајен месецов ќе го посетат Белград

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел ќе ја посети Србија на 13 септември во рамки на својата проштална балканска турнеја, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен ќе допатува во Белград на 29 и 30 септември, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.

EPA-EFE

Во обраќањето до јавноста Вучиќ вчера истакна дека за Србија е „голема чест“ што Меркел ќе ја посети на крајот на својот канцеларски мандат.

Меркел, како што најави, во Белград ќе има средби со политичкиот врв на Србија, и во регионот ќе има средби со организациите од граѓанското општество, а за време на посетата на Тирана ќе има средба „со сите од регионот“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека Германија е „уверливо најголемиот економски партнер на Србија“ и дека во германските компании ангажирани во Србија во моментов работат 71.000 луѓе, и дека во последната деценија е забележан раст на стоковата размена меѓу двете држави од 250 отсто.

„Тоа зборува со која брзина напредувала нашата економија“, кажа Вучиќ.

Со доаѓањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Вучиќ најави почнување на работата на првата делница на автопатот од Ниш кон Приштина која ќе чини 244 милиони евра, во која „15 отсто од парите се подарени“ од Европската Унија.

Српскиот претседател во агендата на меѓународните односи за време на септември го истакна и заминувањето во посета на Турција и средбата со Реџеп Таип Ердоган и средба со лидерите на Вишеградската група во Будимпешта.

По Будимпешта следи посета на американски и француски сенатори и заминувањето во Белград на европскиот посредник за дијалогот со Приштина Мирослав Лајчак, најави Вучиќ, истакнувајќи ја важноста на надворешнополитичката и економската агенда на Србија во септември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе