Меркел го осуди порастот на антисемитизмот во Германија (ВИДЕО)

На церемонијата по повод обележувањето на 70-годишнината од постоењето на Централниот совет на Евреите во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост поради зајакнувањето на антисемитизмот во Германија, повикувајќи на казнување на делата со антисемитска позадина.

Screenshot

„Срамота е и ме исполнува со срам кога ќе видам како расизмот и антисемитизмот во Германија се изразуваат“, рече Ангела Меркел, зборувајќи на церемонијата по повод 70-годишнината од основањето на Централниот совет на Евреите во Германија.

Таа заклучи дека овие појави никогаш не исчезнале од Германија, но дека тие веќе некое време се појавуваат во „повидлива и поневоздржана“ форма.

„На социјалните мрежи, многу изјави изобилуваат со омраза и подбуцнување. Никогаш не смееме да ги премолчуваме овие појави", рече Меркел, посочувајќи и на зголемената појава на теории на заговор во кои Евреите се споменуваат во негативно светло.

„Заканите можат брзо да се претворат во конкретни напади, како што на особено ужасен начин покажа минатогодишниот напад на синагогата во Хале“, рече Меркел.

Германската канцеларка повика на решителен одговор на правната држава кога станува збор за казнени дела со антисемитска позадина.

„Каде што образованието и објаснувањето повеќе не помагаат, мора да настапи правната држава со целосна сила на кривичниот закон“, рече Меркел.

Претседателот на Централниот совет на Евреите, Јозеф Шустер, предупреди дека Евреите во Германија веќе не се чувствуваат безбедно.

„Довербата што Евреите ја имаат во Германија со децении, па и денес, секогаш одново и одново се тестира“, рече Шустер.

Тој рече дека во Еврејската заедница се развило непријатно чувство и дека многу Евреи веќе не се осмелуваат да го покажуваат својот идентитет во јавноста.

Централниот совет на Евреите е основан во 1950 година во Франкфурт од преживеани од холокаустот и повратници од егзил.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе