Меркел ги повика Германците да се држат до мерките во страв од нов карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел во средата апелираше до граѓаните да се држат до мерките против коронавирусот за да се спречи ширењето на епидемијата и да се избегне нов карантин.

EPA-EFE/HAYOUNG JEON

„Апелирам до сите граѓани: држете се до правилата што важат во наредниот период. Мора да ни биде јасно дека сега од секој од нас се бара дисциплина“, рече германската канцеларка пред парламентот.

Меркел изрази страв дека успесите што Германија ги постигнала во борбата против ширењето на коронавирусот може да доведат до неконтролиран раст на бројот на новоинфицирани.

„Претпазливоста се намалува, сите би сакале повторно да бидат безгрижни, го забележувам тоа и кај себе“, рече канцеларката.

Таа предупреди дека есента и зимата, „кога сите сè повеќе ќе се дружиме во затворени простори“, ќе бидат полни со предизвици.

„Сите сакаме да избегнеме нова блокада и мислам дека можеме“, рече Меркел, додавајќи: „Сигурна сум дека животот каков што го познаваме ќе се врати. Семејствата повторно ќе слават заедно, клубовите, театрите и стадионите повторно ќе бидат преполни со луѓе. Каква среќа ќе биде тоа! Но, сега мора да покажеме дека сме способни сепак и понатаму трпеливо и претпазливо да се однесуваме и така да спасуваме животи“, истакна канцеларката.

Осврнувајќи се на рекордната задолженост на државата поради финансирање на мерките против последиците од пандемијата, Меркел рече дека во најбрз можен рок треба да се врати на нормален буџет без нови задолжувања.

„Ние мора, што е можно побрзо, да се вратиме во нормален и уставно соодветен буџет“, рече канцеларката.

Буџетот за следната година предвидува задолжување од 96,2 милијарди евра, откако годинава беше усвоен ребаланс, кој предвидува можност за задолжување до 220 милијарди евра.

Поради новото задолжување привремено е укината т.н. кочница за нови задолжувања што пред неколку години влезе во германскиот устав.

Опозицијата жестоко го критикуваше новото рекордно задолжување и побара враќање на „финансиска дисциплина“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе