Меркел: Европската Унија проблемите со Полска треба да ги решава со разговор, не на суд

Европската Унија би требало да ги решава своите несогласувања со меѓусебен договор, а не со судски одлуки, изјави денес германската канцеларка Ангела Меркел, одговарајќи на прашање за спорот на ЕУ со Полска околу владеењето на правото.

EPA-EFE

„Сите ние сме држави членки на Европската Унија, што значи дека ни е должност секогаш да се обидеме да најдеме компромис – без откажување од нашите принципи, секако“, им кажа Меркел на новинарите по состанокот со белгискиот премиер Александер де Крум во Брисел.

Полскиот уставен суд пресуди минатата недела дека делови од законот на ЕУ се некомпатибилни со полскиот устав, поткопувајќи го централното правило на ЕУ и разгорувајќи ги гласовите дека Полска би можела да го напушти политичко-економскиот блок.

Полската десничарска популистичка влада редовно се судира со Европската комисија околу разни прашања од ЛГБТ правата до независноста на правосудството, поради што се водат повеќе случаи на Европскиот суд на правдата.

„Мислам дека е време за темелен разговор со полската влада за тоа како да се надминат проблемите“, кажа Меркел. „Целосно е точно дека од време на време за случаите треба да решава Европскиот суд на правдата“.

Сепак, германската канцеларка во заминување е загрижена поради бројот на случаи кои завршуваат на највисокиот суд на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе