Изрази жалење што односите со САД се поинакви од што би сакала

Меркел: Европа да преземе повеќе одговорност во светот, Русија ги напаѓа западните демократии

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Европа да преземе што повеќе одговорност во светот и изрази жалење што односите со САД се поинакви од што би сакала, особено околу прашањето на животната средина.

EPA-EFE/MAJA HITIJ

„Треба да направиме вонреден напор да се избориме со овој вонреден предизвик (коронавирусот), но јас сакам уште повеќе, сакам Европската Унија, особено во време на криза, да покаже светска солидарност и да преземе повеќе одговорност“, кажа Меркел во обраќањето во Фондацијата Конрад Аденауер.

Германија го презема ротирачкото претседателство со Европскиот совет од 1 јули.

Меркел, која најави заминување од функцијата во 2021 година, ги прикажа во Фондацијата главните насоки на она што ЕУ ќе го работи до крајот на годината, во екот на здравствената, економската и социјалната криза. „Пандемијата ќе доведе до јакнење на конфликтите и постоечките проблеми на бројни места и според тоа ќе претставува предизвик за капацитетот на дејствувањето на Европската Унија околу прашањето на надворешната и безбедносната политика“, кажа Меркел.

„Тоа е уште поголема причина да ги браниме вредности кои ги носиме во ЕУ, солидарноста, демократијата, слободата, заштитата на достоинството на секое човечко суштество“, кажа таа.

Меркел додаде дека Европа од кризата може да излезе посилна отколку што влезе во неа.

Зборуваше неколку часа по претставувањето во Европската комисија на планот за обнова од 750 милијарди евра, кој уште треба да го усвојат земјите членки. Меркел истакна дека САД се најважниот партнер на Европа но дека тоа партнерство е поинакво отколку што би сакала ЕУ, особено околу прашањето на животната средина. Таа оцени дека ЕУ има „стратегиски интерес“ да разговара со Кина и покрај сегашните несогласувања околу Хонг Конг, каде, според неа, треба да се одржи принципот „една земја, два системи“. Германското претседателство ќе се бави и со односите со Русија, кажа меркел. Според неа тука треба да се сфати дека во меѓународните односи не се применува законот на силата туку силата на законот.

Ја обвини Москва дека ги поддржува марионетските режими во источниот дел на украина и дека ги напаѓа источните демократии, вклучувајќи ја Германија, со хибридни средства.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MAJA HITIJ

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе