Меркел: Емиграциската политика е пресудниот испит за иднината на Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека емиграциската политика е пресудниот испит за иднината на Европа, во момент кога континентот го зафати сериозна криза и кога се сѐ погласни предлозите за затворање на границите.

„За мене прашањето како да се пристапи кон емиграцијата е одреден вид испит пресуден за иднината и за единството на Европа“, кажа Меркел. „Токму во тие моменти Европа, соочена со прашањето кое ја ослабува, мора да даде одговор, не едностран туку усогласен, договорен врз основа на договор со другите (земји) за да можеме вистински заеднички да дејствуваме“.

За тоа да може да функционира, мора да водиме сметка за „интересите на секоја земја“, истакна Меркел.

Ваквиот став доаѓа во момент кога италијанскиот, австрискиот и германскиот министер за внатрешни работи, предводници на „тврдата линија“ во однос на емигрантското прашање, соопштија дека сакаат да воспостават „оска на доброволци“ кои ќе ја сузбиваат нелегалната емиграција.

Таа „оска“ ја сочинуваат италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, австрискиот Херберт Хикл, двајцата крајни десничари, и нивниот конзервативен колега Хорст Зехофер.

Ова е нов тежок удар за Меркел која веќе е критикувана во својата земја за премногу великодушната азилантска политика, а сега мора да се бори и со сопствениот министер за внатрешни работи, многу конзервативниот Баварец Зехофер.

Канцеларката со недели се зазема за воспоставување единствен систем за азил со подобра распределба на емигрантите во Европа, за што ќе се расправа на самитот на ЕУ на крајот на јуни.

„Италија прими огромен број емигранти и тоа е еден од проблемите со кои се соочуваме. Мора да одговориме на потребите на сите во Европската Унија. Тоа е како квадратура на кругот, но Европа мора да продолжи да биде солидарна“, заклучи Меркел.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе