Меркел е против отворање косовска амбасада во Ерусалим

Германија официјално покажа дека не стои со Косово околу отворањето на косовската амбасада во Ерусалим.

EPA-EFE

Ставот за ова на кратко бил даден од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Клан Косова.

„Германската влада му честита на Косово за признавањето од страна на Израел. Истовремено ви го посочуваме единствениот став на Европската Унија во врска со главниот град на Израел и поради тоа сите амбасади на ЕУ се наоѓаат во Тел Авив“, се наведува во пораката на владата од Берлин.

Пред една недела, само еден ден по потпишувањето на заемното признавање меѓу Косово и Израел, портпаролот на Европската Унија кажа дека пренесувањето на косовската дипломатска мисија во Ерусалим не е во согласност со тежнеењата на Косово кон интеграција.

Од 27 држави членки на ЕУ, пет не го признаваат Косово како независна и суверена држава.

Фарук Ајети од австрискиот Институт за меѓународни односи во Виена истакна дека државите кои тежнеат кон членство во ЕУ својата надворешна политика би морале да ја усогласат со политиката на Брисел.

Но, според него, Европа покажува двојни стандарди кон Косово, бидејќи толку мала држава не може да има влијание на меѓународната сцена.

Признавањето на Израел и Косово е резултат на обврските кои беа потпишани во рамки на Договорот за економска нормализација меѓу Белград и Приштина во Белата куќа на 4 септември 2020.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе