Меркел денес силно се тресеше, тврди дека дехидрирала (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел денес видно се тресеше на пречекот на новиот украински претседател Володимир Зеленик, предизвикувајќи загриженост за нејзиното здравје.

Додека го чекаше Зеленски, нејзините нозе и тело почнаа да се тресат, и се чинеше дека ѝ е малку подобро додека одеше со него покрај почесната единица на германската војска.

Изгледаше како едвај да стои додека со гостинот ги слушаше химните на Германија и Украина.

Подоцна, на прес-конференцијата, таа порача дека дехидрирала и дека во меѓувреме испила три чаши вода.

„Испив најмалку три чаши вода што очигледно ми беа потребни и сега сум многу добро“, објасни канцеларката.

Меркел (64) и претходно знаела да се треси во слични околности, и тогаш е речено дека не пиела доволно течности во топло време.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе