Меркел бара сите скијачки центри во Европа да останат затворени, Австрија остро се спротивставува

Германија ги повикува алпските земји сè уште да не ги отвораат своите скијачки центри за борбата против пандемијата на коронавирусот да биде поефикасна, но се чини дека тешко ќе се постигне договор со Австрија, изјави во четвртокот канцеларката Ангела Меркел.

Фото: ЕПА

„Скијачката сезона се ближи. Ќе се обидеме да постигнеме согласност на европско ниво за затворање на сите скијачки центри“, рече канцеларката во германскиот парламент, додавајќи дека со оглед на отпорот на Австрија, тоа можеби нема да биде можно.

Во првиот бран на пандемијата на почетокот на годината, многу Германци се заразиле во австрискиот скијачки центар Ишгл, а Германија минатиот месец издаде предупредувања за патувања во популарните скијачки центри во Австрија, Италија и Швајцарија.

Франција, Италија, Словенија, Германија и Австрија на почетокот на зимата одлучија да ги остават ски-центрите затворени во надеж дека ќе се отворат во екот на сезоната, ако во меѓувреме се намали стапката на ширење на инфекцијата.

Мерките за затворање во Австрија ќе бидат укинати на 7 декември и сè уште не се знае што ќе значи ова за австрискиот скијачки сектор. Австрија не е наклонета на заеднички европски правила.

Најмногу странски туристи во Австрија доаѓаат од Германија.

Претходно оваа недела, италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека нема да има скијање за Божиќ „затоа што ќе имаме трет бран на епидемија“.

Во понеделникот вечер тој повика на затворање на ски-центрите во целата Европска унија за време на Божиќните и новогодишните празници за да се спречи ширењето на коронавирусот, што наиде на различни реакции.

Така, канцеларијата на австрискиот министер за финансии Гернот Блуемел веднаш предупреди дека затворањето на ски-центрите ќе ја чини земјата околу 2,4 милијарди евра во изгубени приходи за време на тринеделната Божиќна сезона.

„Ако ЕУ навистина сака затворање, таа треба да плати за тоа“, рече Блуемел, додавајќи дека Унијата треба да компензира 80 проценти од тие приходи, во согласност со програмата за помош на австриската влада за сите деловни субјекти затворени поради ковид-19.

Француската влада одлучи скијачките центри да останат затворени до почетокот на 2021 година, иако одлуката за укинување на строгите мерки и повторно отворање на кината, музеите и театрите стапува на сила на 15 декември, поради што жителите на алпскиот град Мегев во подножјето на Мон Блан останале разочарани и фрустрирани.

Овој скијачки центар на големо се подготвувал пред Божиќ, по олеснување на мерките за изолација, да ги пречека љубителите на белиот спорт, но по одлуката на владата, жителите на Мегеве се чувствуваат „казнети“ и се прашуваат зошто, на пример, возовите и подземните железници ќе можат повторно да превезуваат патници, а скијачките гондоли и жичарниците нема да смеат.

Претседателот Емануел Макрон во вторникот најави постепено олеснување на епидемиолошките мерки, велејќи дека е „невозможно да се замисли“ отворање на ски-центрите за Божиќ и Нова Година, но дека повеќе би сакал да го стори тоа во јануари.

Швајцарија, која не е членка на ЕУ, веќе ги отвори своите скијачки центри.

Словенечките скијачки центри се подготвуваат за новата сезона како да ќе започне утре, и покрај големите резерви на владата дека на неа не треба да се смета уште некое време поради тешката епидемиолошка состојба.

Владиниот портпарол за ковид-19 Јелко Кацин вели дека скијањето, а особено масовното, е многу проблематично во овие услови, додавајќи дека за целата ситуација и перспектива на ски-центрите за време на пандемијата се дискутира на ниво на земјите на алпскиот круг.

Според Кацин, ќе биде потребно да се усогласат ставовите за прашањето за отворање на скијачката сезона помеѓу неколку земји кои имале проблеми со тоа на почетокот на оваа година, кога епидемијата дојде во Европа, со цел „да се спречи оваа активност повторно да биде еден од изворите за ширење“ на болеста.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе