Мерк работи на орален лек против короната, резултатите се охрабрувачки

Фармацевтскиот гигант Мерк и американска лабораторија вчера објавија напредок во тестирањето орален лек против ковид-19, антивирусен лек што има позитивно влијание во намалување на вирусното количество.

Фото: ЕПА

„Бидејќи има потреба од антивирусен третман на САРС-КоВ-2, ние сме охрабрени од овие прелиминарни резултати“, рече Венди Пеинтер, официјален претставник на „Риџбек биотерапевтик“.

Мерк кон крајот на јануари ја прекина работата на две потенцијални вакцини против ковид-19, но продолжува со истражување на два лека против оваа болест, вклучувајќи го и молнупиравир, развиен со американската фирма „Риџбек био“.

Лекот по петдневно лекување значително го намалил вирусното количество кај пациентите, соопшти компанијата во саботата на состанокот со експертите за заразни болести.

Втората фаза на тестирањето е спроведена на 202 пациенти што не биле хоспитализирани и имале симптоми на ковид-19.

Лековите против грипот како што се оселтамивир (Тамифлу) и занамивир (Реленза) понекогаш се пропишуваат против сезонскиот грип, а сега се прави обид да се најде лек за ковид-19.

Резултатите од оваа студија ветуваат, „особено побрзото намалување на вирусното количество кај луѓе што имаат ковид-19 во раните фази и кои добиле молнупиравис“, вели Вилијам Фишер, еден од директорите на студијата и професор по медицина на Универзитетот во Северна Каролина.

Мерк работи и на лекот МК-711 и првите резултати од клиничките испитувања покажуваат дека ризикот од смрт или затајување на дишниот систем кај хоспитализираните пациенти со умерен или тежок ковид-19 е намален за повеќе од 50 проценти, објави компанијата кон крајот на јануари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе