Венецуела

Менторот на Гуаидо избега и бара азил - пропадна „државниот удар“?

Еден од лидерите на опозицијата во Венецуела, Леополдо Лопез, побара азил во чилеанската амбасада во Каракас, јавија светските медиуми.

Лопез наводно го сторил тоа заедно со целото свое семејство, и таквиот потег се толкува како неуспех на обидот за државен удар.

Лопез беше во домашен притвор од 2017 година, но утрово беше забележан во друштво на Хуан Гуаидо, самопрогласениот претседател на Венецуела, кога беше „наредено движење за извршување државен удар“.

Министерот за надворешни работи на Чиле, Роберто Амперо, потврди дека Лопез е примен во седиштето на Амбасадата.

„Најавеното бегство на Лопез во Чиле укажува дека напорите на Гуаидо да ја добие довербата на полицијата и армијата пропаднале, бидејќи поголем дел од безбедносните сили му останаа лојални на претседателот Николас Мадуро“, објавија медиумите.

Лопез ја основа партија Волјата на народот, која Гуаидо ја претставува во Националното собрание на Венецуела, а за време на протестите во 2014 година беше уапсен и обвинет за заговор.

Тогаш беше ослободен, но во 2015 година беше осуден на 14 години затвор за поттикнување насилство и до 30 април 2019 година не беше присутен во јавноста.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе