Менаџерот Голоб официјално стана премиер на Словенија: „Сакам да ви ја вратам веселоста кон животот“

Словенечкиот парламент го потврди менаџерот Роберт Голоб за претседател на владата која пратениците ќе ја потврдат следната недела. За Голоб гласаа 54 пратеници, 30 беа против, а еден глас беше неважечки.

EPA-EFE

Пред гласањето Голоб кажа дека, врз основа на големата доверба која му беше дадена на изборите на 24 април, сака на Словенците да им пружи „надеж во подобра иднина“ и да им ја врати „веселоста кон животот“.

Алудирајќи на владата на десницата во заминување која во последните две години ја предводеше Јанез Јанша, претседателот на партијата Движење слобода кажа дека граѓаните на изборите покажале дека сакаат да живеат „во нормална држава“, а не во „постојана неизвесност“ во која биле во последните две години.

Како приоритети на својата влада ги наведе здравството, кое мора да биде јавно и достапно на сите без оглед на социјалниот статус, и сè повисоките цени на енергијата и храната.

Движењето слобода победи на изборите во Словенија со 35 отсто освоени гласови и ќе формира коалициска влада со левичарските партии, Социјалните демократи и Левица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе