Мелони ѝ порача на Украина дека може да смета на неа

Италијанската националистичка политичарка Џорџа Мелони, која треба да стане нов премиер, вети целосна поддршка на Киев откако доби честитки од украинскиот претседател Володимир Зеленски за изборната победа.

Фото: ЕПА

Италијанската крајнодесничарска партија Браќа на Италија, предводена од Мелони, освои 26 отсто од гласовите на штотуку одржаните избори, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во парламентот, покажаа изборните резултати.

Мелони би требало да стане првата жена на чело на италијанската влада.

Во твитот доцна во вторникот, Зеленски рече дека се радува на „плодна соработка со новата влада“.

Мелони набрзо одговори, велејќи дека може „да сметате на нашата лојална поддршка за слободата на украинскиот народ. Останете силни и вашата вера нека биде непоколеблива“, напиша таа на англиски на Твитер.

Мелони беше една од ретките италијански политички лидери кои сесрдно ја поддржаа одлуката на премиерот во заминување Марио Драги да испорача оружје на Украина, иако таа беше во опозиција на неговата влада.

Наспроти тоа, нејзините два политички сојузници, Лига и Форца Италија, кои беа во коалицијата на Драги, беа многу повоздржани, што ги одразува нивните историско блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин.

Нагласувајќи ја длабочината на тие врски, лидерот на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони, минатата недела рече дека Путин бил „принуден“ да ја нападне Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе