Меланија Трамп ги коментираше протестите во САД

Меланија Трамп повика на мирни протести во Минеаполис.

EPA-EFE/Chris Kleponis

Првата дама на Соединетите Американски Држави на Твитер испрати порака и со тоа за прв пат ги коментираше протестите кои се разгореа низ целата земја поради смртта на црнецот Џорџ Флојд при полициското апсење.

„Нашата држава доволува мирни протести, но нема причина за насилство. Видов како нашите граѓани се обединуваат и се грижат едни за други низ пандемијата на коронавирусот и не можеме сега да престанеме тоа да го правиме. Моето искрено сочувство до семејството на Џорџ Флојд. Како нација, да се фокусираме на мирот, молитвите и заздравувањето“, порача Меланија.

Нејзината порака доаѓа само еден ден откако Твитер отстрани твит на Доналд Трамп поради кршење на правилата на таа социјална мрежа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Chris Kleponis

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе