Меланија му ја „препушти“ својата портпаролка на Доналд Трамп

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, објави дека нејзината портпаролка Стефани Гришам ќе биде новиот прес-секретар на Белата куќа.

Гришам, која е со семејството Трамп од 2015 година, ќе ја врши и должноста директор за комуникации, објави АП.

„Не можам да замислам личност што подобро би им служела на американската администрација и на нашата земја“, напиша Меланија Трамп на Твитер.

Гришам на функцијата портпарол на Белата куќа ќе ја замени Сара Сандерс, која ќе ја напушти функцијата до крајот на месецов.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе