Мексико прослави 200 години независност

Мексико вчера ја прослави 200-годишнината од независноста на земјата од Шпанија, со комеморација, огномет и пиротехника на централниот плоштад во градот. Настанот на плоштадот Зокало во Сиудад де Мексико, некогаш срцето на кралството на Ацтеките, ја водеше претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Фото: ЕПА

„Она што се случи тој ден, пред двесте години, ја означи засекогаш нашата политичка разделба од Шпанија“, рече мексиканскиот претседател.

Честитки испратија многу земји, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, кој уверува дека неговата земја нема поблизок пријател од Мексико.

„Се радувам на сè што нашите две земји ќе го постигнат заедно во наредните години“, рече Бајден во снимената порака.

Честитката на папата Франциско вклучува и признавање на гревовите извршени од страна на црквата во Мексико. Обрадор неколку пати ги повика шпанската влада и Ватикан да се извинат за масакрите и репресијата извршени во име на колонизирањето и евангелизирањето на домородното население во Мексико.

„И јас и моите претходници побаравме прошка за сторените лични и општествени гревови“, напиша папата Франциско.

На церемонијата, со ограничен број посетители поради пандемијата, организаторите користеле театарски сали, мултимедијални екрани и пиротехника за да ја прикажат историјата на нивната земја пред Шпанија, вклучително и војната за независност. Приредбата е дел од серијата настани организирани од мексиканската влада по повод 700-годишнината од основањето на главниот град на Ацтеките и 500-годишнината од шпанското освојување.

Повеќето Мексиканци се со мешано европско и домородно потекло и имаат спротивни чувства за насилството на освојувањето, што на земјата ѝ наметна култура, јазик и религија. Како дел од церемонијата, италијанскиот генерал Роберто Рикарди го доби Ацтечкиот орел, највисокото признание за странец во Мексико, за неговата работа во пронаоѓањето археолошки богатства. Од 2018 година, 5.746 историски артефакти се вратени во земјата, повеќето археолошки, рече мексиканскиот претседател.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе