Против коронавирусот

Мексико ќе добие 24 милиони дози од руската вакцина

Мексико ќе добие 24 милиони дози од руската вакцина Спутник V против коронавирусот, изјави денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Фото: ЕПА

„Разговаравме со рускиот претседател Владимир Путин и му се заблагодарив за неговата одлука во следните два месеци да ни испрати 24 милиони дози вакцини“, напиша на Твитер Обрадор, кој во неделата доби позитивен тест за коронавирусот.

Мексиканското Министерство за здравство претходно денес објави дека очекува зелено светло од Русија за испорака на вакцината Спутник V.

Руската вакцина сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА) и од мексиканските санитарни власти.

Во Мексико е одобрена само американско-германската вакцина Фајзер-Бионтек.

Во таа земја, 1 милион и 763.219 лица беа заразени со коронавирусот, од кои речиси 150.000 луѓе починаа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе