Мексико до богатите земји: Престанете да ги трупате вакцините

Мексико вчера пред Советот за безбедност на Обединетите нации им порача на богатите земји да престанат да ги трупаат вакцините против ковид-19 бидејќи сиромашните земји заостануваат во трката за вакцинирање на своето население.

EPA-EFE

Три четвртини од првите дози им се поделени на граѓаните на само десет земји кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот БДП, предупреди мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард, додека во повеќе од 100 земји сè уште не почнало вакцинирањето.

„Ги повикуваме земји да избегнат трупање на вакцините и да ги забрзаат првите фази од испораката на Ковакс, давајќи им предност на земјите со помалку ресурси“, кажа Ебрард пред Советот за безбедност чија непостојана членка е и Мексико.

Функционери на Панамериканската здравствена организација кажаа вчера дека земјите наскоро можат да очекуваат потврда за испорака на вакцините преку Ковакс програмата иако се очекува првите пратки да бидат мали.

Програмата Ковакс ја водат сојузот за вакцини ГАВИ, Светската зравствена организација (СЗО), Коалицијата за епидемиолошки иновации во готовност и УНИЦЕФ.

„Итно треба да се дејствува и да се поништи неправдата која се врши бидејќи од тоа зависи безбедноста на целото човештво“, додаде Ебрард.

Мексико има потпишано договори со неколку фармацевтски компании за набавка на милиони дози за своите 126 милиони жители среде глобалните доцнења во испораката и недостигот од некои вакцини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе