Повредени 97 лица

Мексико: Авион со 103 лица се сруши пет минути по полетувањето, нема загинати

Патничкиот авион Ембрајер Е190 со 103 патници и членови на екипажот се сруши минатата ноќ на летот од мексиканскиот град Дуранг до главниот град Мексико Сити.

Никој не загина при падот на авионот, а како што пренесува Би-би-си, 97 лица се повредени.

Имињата и националноста на патниците не се објавени.

Државниот гувернер Хозе Росас Аиспуро изјави дека авионот бил погоден од налет на ветaр, што предизвикало ненадејно спуштање. Неговото лево крило допрело до земјата и двата мотори отпаднале.

Операторот на аеродромот рече дека првите податоци сугерираат дека лошото време е причина за падот на авионот кој полетал за време на обилна бура, пред да биде принуден да изврши итно слетување.

На фотографиите од местото на несреќата, објавени од страна на Службата за цивилна заштита, се забележуваат остатоците од авионот од каде се издига чад.

Несреќата се случила на околу 17 километри од аеродромот во Дуранго, а локалните медиуми објавија дека некои од преживеаните биле во состојба сами да излезат од остатоците на авионот. Две лица се во критична сосотојба.

Голем дел од нив истрчале до блискиот пат и ги запирале возилата барајќи помош.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе