Андрес Мануел Лопез Обрадор

Мексиканскиот претседател без полициска придружба: „Народот ќе ме заштити“ (ВИДЕО)

Левичарот Амло одби да живее во украсената претседателска палата и вети дека ќе си ја намали платата.

Тукушто беше избран за врховен командант на една нација заглавена во нескротлив конфликт за дрогата, кој одзеде 200.000 животи за нешто повеќе од една деценија.

Но Андрес Мануел Лопез Обрадор, новиот претседател на Мексико, во вторникот на еден од најзначајните состаноци отиде во обичен автомобил, со спуштени прозорци, и тврдеше дека ќе се откаже од правото на полициска заштита за да остане поблиску до народот.

Без видливи безбедносни обележја, Обрадор така го означи почетокот на новиот, опуштен стил на лидерство, поради што некои се загрижени за безбедноста на претседателот во земјата оптоварена со насилство.

„Не сакам телохранители, што значи дека граѓаните ќе се грижат за мене и ќе ме заштитат“, им рече Лопез Обрадор, попознат како Амло, на новинарите.

Наместо полициска придружба, околу пет камермани на мотоцикли го опкружија возилото на мексиканскиот претседател на патот кон состанокот со претседателот на заминување Енрике Пења Ниета во Националната палата во срцето на Мексико Сити.

Еден телевизиски новинар на мотоцикл дури успеа да направи кратко интервју со Лопез Обрадор преку отворениот прозорец на автомобилот на претседателот.

„Народот ќе ме заштити“, им рече Лопез Обрадор на новинарите кога беше запрашан да го прокоментира отсуството на безбедносни мерки.

Тој на новинарите им предложи да „му чуваат грб“, но на шега се пожали дека неколку пати го „чепнале“ со камерите.

„Немојте да ме здробите“, им рече претседателот на новинарите.

Лопез Обрадор се состана со Пења Ниета за да разговараат за неговото стапување на функцијата на 1 декември, надевајќи се дека ќе има мирен трансфер на власта, по жестоката и поларизирачка кампања.

Амло во неа вети и дека нема да живее во раскошната резиденција на Мексико Сити од 19 век, Лос Пињос. „Нема да живеам во никаква палата“, изјави тој на еден неодамнешен собир во предградијата на главниот град, ветувајќи дека ќе ја претвори зградата во уметнички центар „за мексиканскиот народ“.

Потоа вети дека ќе го продаде претседателскиот авион и ќе забрани високи функционери да ја прелетуваат земјата во приватни авиони и хеликоптери. „Сето ова ќе заврши... не може да имаме богата влада и сиромашни луѓе“, рече тој.

Вети и дека ќе ја сосече својата претседателска плата и оние што ги нарекува мексиканска „бирократија дорада“ (златна бирократија).

„Јас ќе заработувам половина од тоа што го заработува Пења Нието... и ќе ги намалиме платите на оние што се на врвот за да можеме да ги зголемиме платите на оние на дното“, вети Амло. „Наставниците ќе заработуваат повеќе, медицинските сестри, лекарите, чистачите, полицијата, војниците, маринците... кампезињите“.

Изјавите на Амло поминаа добро кај гласачите, бесни поради екстравагантноста и корупцијата на својата владејачка елита.

„Многу сме среќни“, изјави Лукеро Роблес, мексикански сликар што во неделата вечер излегол на улиците за да ја прослави неговата победа. „Но ќе бидеме уште посреќни кога ќе му го стават претседателскиот појас (во декември).“

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе