Мексикански новинари почнуваат протести во 28 града поради убиствата на нивни колеги

Новинари во Мексико почнуваат протести во 28 града низ земјата за да ги осудат неодамнешните убиства на тројца новинари и да побараат да прекине неказнетото убивање на нивните колеги.

EPA-EFE

Планираните протести се организирани по убиството на искусната новинарка Лурдес Малдонадо, кое се случи во неделата, три години откако таа му го постави прашањето за убиствата на претседателот на државата Андрес Мануел Лопез Обрадор и изјави дека и самата стравува за својот живот.

Мексико е една од најопасните држави за новинарите, а меѓу 2000 и 2021 се убиени 145. Мексиканските новинарски здруженија се изјаснија за одржување на протестите кои ќе се поддржат со протестни кампањи на интернет.

„Итно е потребно државата и сојузните власти да ги спречат нападите, да ги заштитат новинарите кои се тие жртви и со должно внимание да ги истражат злосторствата против медиумите“, наведе невладината група Член 19.

Убиството на Лурдес Малдонадо во градот Тихуана, на северот на земјата, каде со години работела како новинарка, следеше по претходните убиства на уште двајца мексикански новинари кои се случија овој месец.

Лопез Обрадор, кој е на удар на критики поради тоа што не презема доволно за да ги заштити новинарите, кажа дека владата ќе го истражи и расчисти ова злосторство за да се спречат понатамошни убиства на новинари.

Неговите критичари тврдат дека Лопез Обрадор не ги исполнил ветувањата за намалување на насилството, борбата против длабоко вкоренетиот организиран криминал или пак намалување на неказнивоста. Мексиканскиот претседател призна дека криминалот и насилството се производи на хроничната корупција и нееднаквоста кои владеат во земјата.

Европската Унија ја изрази својата загриженост од недостигот на резултати од отворените истраги на убиствата на новинари. Брисел повторно го повика Мексико да направи сè што може за да ги заштити новинарите. Реагираше и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, кој порача дека ОН ги повикува мексиканските власти да ја засилат заштитата на новинарите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе