Мексикански наркокартел дошол до адресите на полицајците и ги убива во куќите

Членовите на озлогласениот мексикански наркокартел Халиско киднапирале неколку припадници на елитна полициска единица и со нивно мачење дошле до адресите на другите полицајци, кои сега ги убиваат во нивните домови.

Екстремно насилниот картел на тој начин реагира на политиката на мексиканската влада „прегратки, а не куршуми“.

Нападите врз полицајците досега се најдиректниот предизвик за мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и неговата политика на избегнување насилство и отфрлање на војната против картелите.

Од друга страна, картелот Халиско ѝ објави војна на владата и сака да ја уништи елитната полициска единица позната како Тактичка група, која бандата ја обвинува дека нечесно се однесува кон нејзините членови.

Картелот се закани дека за секој уапсен член ќе убие двајца членови на Тактичката група, било во нивните полициски возила или во нивните домови.

Официјалните лица во сојузната држава Гванахуато, најпогодена од насилствата во Мексико, одбија да кажат колку членови на Тактичката група се убиени досега.

Според агенцијата Поплаб, од 2018 до 12 мај годинава во Гванахуато биле убиени 262 полицајци.

Претседателот Лопез Обрадор избегнува отворено соочување со картелите и вели дека претпочита долгорочна политика на решавање на социјалните проблеми, како што е невработеноста кај младите, што придонесува луѓето да се вртат кон криминалот.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе