Мекдоналдс си заминува од Русија по 30 години

Мекдоналдс соопшти дека започнал процес на продажба на својот бизнис во Русија по триесет години работење на своите ресторани во земјата, по инвазијата на Москва на Украина, пренесе Гардијан.

Фото: ЕПА

Во март, Мекдоналдс ги затвори своите 850 ресторани во Русија, вклучувајќи ја и култната локација на плоштадот Пушкин во главниот град, кој беше прв во земјата.

Компанијата со седиште во Чикаго, поседува 84% од нејзините продавници во Русија и рече дека нејзините ресторани таму и во Украина придонесуваат со 9% од нејзиниот годишен приход, или околу 2 милијарди долари.

Како дел од излегувањето, компанијата очекува да забележи безготовински трошок од околу 1,2 до 1,4 милијарди долари.

На отворањето на првиот Мекдоналдс во Советскиот Сојуз на 31 јануари 1990 година се собраа илјадници луѓе на плоштадот Пушкин во Москва.

„Хуманитарната криза предизвикана од војната во Украина и непредвидливото работно опкружување го доведоа Мекдоналдс да заклучи дека продолжувањето на бизнисот во Русија повеќе не е одржливо“, велат од Мекдоналдс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе