Конференција за безбедност во Минхен

Меј: Сакаме да се грижиме за безбедноста на Европа и по Брегзит; Јункер: Може, но само за безбедноста

Британската премиерка Тереза Меј предложи нов договор за безбедност со Европската унија во Минхен, велејќи дека Лондон ќе остане посветен на заштитата на Европа и по напуштањето на Унијата.

„Европската безбедност е и наша безбедност. Велика Британија ќе остане безусловно посветена на тоа и во иднина“, изјави Меј на конференцијата за безбедноста во Минхен.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ѝ возврати велејќи дека „треба да се задржи безбедносен мост помеѓу Британија и ЕУ“, но „не треба да се меша со други прашања“.

Велика Британија која преговара за своите идни врски со Унијата, допрва треба да се договори и за некоја форма на безбедносно партнерство со Брисел.

Меј смета дека „ривалствата меѓу партнерите, ригидните институционални ограничувања и длабоко вкоренетата идеологија“ не смеат да доведат до празнини што можат да бидат искористени од страна на терористите и организираните криминалци.

„Мораме да сториме сѐ, практично и прагматично, да ја осигураме нашата колективна сигурност“, истакна Меј, додавајќи дека заедничките закани ги надминуваат националните граници.

Меј потсети дека ЕУ веќе има трговски договори со „трети“ земји и истакна дека нема „правни и оперативни причини“ за да се потпишат слични договори за безбедност.

„Не смееме да ја одложуваме расправата за ова. Мораме итно да почнеме да работиме на договор кој ќе ги заштити граѓаните на Британија и на Унијата“, рече британската премиерка, пренесе АФП.

Таа рече дека Велика Британија е сигурен партнер и потсети дека таа е единствената европска членка на НАТО која троши повеќе од два проценти од БДП во одбрана. Ова е цел што самите членки си ја задале, а на неа особено инсистира САД кои најмногу издвојуваат за заедничката одбрана.

Со цел да се одржи соработката за време на Брегзит, Велика Британија и ЕУ треба да продолжат заеднички да работат на санкциите, операциите на терен и развојот на одбранбените способности, вели Меј.

Меј во Минхен пристигне еден ден по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Велика Британија се надева дека ќе испреговара трговски договор со Унијата, со кој после Брегзит би задржала голем пристап до единствениот пазар на ЕУ.

Во Унијата велат дека Велика Британија ќе го изгуби таквиот пристап и ако инсистира на планот за стопирање на слободното движење на работната сила од Унијата, и ако повеќе не ги прифаќа пресудите од Европскиот суд на правдата.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе