Меј порача дека парламентот е виновен за тоа што брегзитот нема да се случи на време

Британската премиерка Тереза Меј ѝ се обрати синоќа на јавноста во врска со брегзитот. Пред обраќањето таа се сретната со опозицијата, а Џереми Корбин, лидерот на опозицијата, ја напуштил средбата.

Претходно на јавноста ѝ се обрати претседателот на Советот на Европа Доналд Туск кој кажа дека ЕУ ќе одобри одложување на брегзитот, но дека премиерката претходно мора од својот парламент да добие одобрување на договорот за напуштањето на ЕУ.

Односно, британскиот парламент би требало да го одобри договорот кој се ЕУ го испреговара премиерката Меј, истиот оној што веќе беше одбиен двапати.

Прес конференцијата на меј беше двапати одложувана.

„Пред 3 години решивме да излеземе од ЕУ. По две години пратениците не можат да се договорат околу излегувањето и затоа нема навреме да излеземе од ЕУ.

За мене тоа е голем пораз и сигурна сум дека и вие, јавноста, сте изморени“, кажа Меј и наведе дека знае дека јавноста сака оваа приказна да заврши.

„Лично многу жалам за ова одложување“, кажа Меј во изјавата дадена во својата резиденција во Даунинг стрит.

Потоа кажа дека му се обратила на Туск и му побарала продолжување на рокот за излегување од ЕУ. Премиерката потоа одговорноста ја префрли на парламентот кажувајќи дека пратениците досега само кажувале што не сакаат, а не кажале што сакаат.

„Длабоко се надевам дека (пратениците) ќе најдат начин да го поддржат договорот што го испреговарав со ЕУ, договорот кој го следи референдумот и е најдобриот можен и ќе продолжам да работам деноноќно за да обезбедам поддршка“, кажа таа.

„Ќе продолжам да работам деноноќно и за на пратениците да им го понудам најдобриот договор. Но нема да го одложувам брегзитот по крајот на јуни“, порача Меј.

Околу втор референдум таа кажа дека еден референдум е веќе спроведен и дека јавноста на него кажала сѐ што сакала.

„Вие го кажавте тоа што го сакавте, а мое е тоа да го спроведам“, ѝ порача Меј на британската јавност.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе