„Последна шанса“

Меј е спремна на нов референдум за брегзитот ако парламентот го прифати нејзиниот договор (ВИДЕО)

Британската премиерка Тереза Меј денес најави серија компромиси, меѓу кои и можноста за втор референдум и привремено останување на земјата во царинска унија со ЕУ во обид за излегување од кризата што настана откако парламентот неколку пати го отфрли договорот со Брисел.

Меј кажа дека тоа е „последна шанса“ за наоѓање решение и одговор за Британците, кои во јуни 2016 година на референдум гласаа за излегување на земјата од членството на Европската Унија.

Парламентот три пати го отфрли договорот за брегзит чие стапување во сила на 29 март беше одложено за 12 април, па потоа до 31 октомври.

Поради последното одложување Британија е обврзана да организира избори за Европскиот парламент.

Доколку пратениците го прифатат предлогот на Меј кој ќе биде претставен на почетокот на јуни, премиерката планира да им предложи и гласање за втор референдум за брегзитот и за привремено останување во царинската унија со ЕУ.

Меј кажа дека нејзиниот предлог содржи дополнителни гаранции за правата на вработените, како и за заштитата на животната средина, што го побара опозицијата.

Опозициската Лабуристичка партија во петокот ги прекина преговорите со премиерката за решавањето на проблемот со поддршката на договорот во парламентот, наведувајќи дека Меј е „слаба“ бидејќи и нејзината Конзервативна партија бара нејзино заминување.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе