Меј до британските парламентарци: Да останеме смирени околу брегзит

Британската премиерка Тереза Меј ќе им порача денес на пратениците дека мора да останат смирени околу брегзит за да ја принудат Европската унија да ги прифати промените на договорот за излез кој ќе го отвори патот за уреден брегзит.

Велика Британија е на пат до 29 март да излезе од ЕУ без договор ако Меј не успее да ја убеди унијата повторно да преговара за договорот постигнат во ноември, а потоа и да ги убеди британските пратеници да го прифатат.

„Разговорите се во клучна фаза“, рече Меј денес, стои во забелешките дадени од нејзината канцеларија, пренесе Ројтерс.

„Сега треба да останеме смирени за да ги добиеме промените што овој Дом ги побара и со тоа на време да го обезбедиме брегзит“, рече Меј.

ЕУ одбива повторно да преговара за договорот иако Меј инсистира дека може да добие правно обврзувачка промена на најконтроверзниот дел од договорот, заштитниот механизам за ирската граница, која е главна пречка за усвојување на договорот.

Со механизмот се сака да избегне повторно воспоставување на гранични контроли меѓу Ирска, членка на ЕУ и Северна Ирска, која во рамките на Велика Британија ќе ја напушти унијата.

Британскиот парламент ќе одржи расправа за брегзит во четврток, на 14 февруари.

Преговарачот за брегзит на ЕУ Мишел Барние вчера изјави дека ЕУ нема повторно да ги отвора преговорите за договорот за разделба, но може да ја промени придружната политичка декларација за односите на двете страни по брегзит.

„Решени сме да организираме уредно повлекување. Тоа уредно повлекување е услов што ни е потребен за изградба на идните односи“, рече Барние.

Тој додаде дека британската премиерка треба да се согласи на трајна царинска унија со ЕУ, како што предложиле британските лабуристи, за да го реши застојот во врска со претстојниот излез од унијата, и истакна дека бекстоп е заштитна мерка за која ЕУ се надева дека никогаш нема да биде искористена.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе