Британската премиерка

Меј „длабоко жали“ што побарала одложување на брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј рече длабоко жали за својата одлука да побара одложување на брегзитот од ЕУ.

Во исто време, таа ги повика пратениците, кои веќе два пати го отфрлија нејзиниот план, овој пат да го поддржат.

„Ова одложување е нешто за што лично длабоко жалам“, рече таа во својот говор од резиденцијата на Даунинг стрит.

Меј рече дека искрено се надева дека пратениците ќе се најдат начин да го поддржат договорот за напуштање на ЕУ, кој таа го постигна со Унијата и кој е одраз на волјата на граѓаните на референдумот и, како што таа оцени, најдобриот можен договор.

Меј рече дека ќе продолжи да работи деноноќно за да обезбеди поддршка за тој договор.

„Меѓутоа, не сум спремна да барам одлагање на брегзит по 30 јуни“, рече британската премиерка.

Меј во средата побара од Европската Унија брегзитот да се одложи до 30 јуни.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со кое го побара одложувањето, таа рече дека има намера третпат да се обиде договорот да биде усвоен од британскиот парламент.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе